ВАР го премолчи и пеналот што го направи Бускетс против Динамо Киев (Видео)

Барселона минимално со 1:0 го победи Динамо во Киев и сега со шест освоени бода се враќа во трката за второто место во групата од Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант победи благодарение на голот на Ансу Фати во 70-тата минута, што беше доволно да стигнат до трите бода.

Во последните 20 минути, Динамо напаѓаше, но не успеа да израмни. Во 84-тата минута се случи една спорна ситуација, во која некои сметаат дека имало пенал за домаќините, но тој не беше досуден. По еден центаршут во шеснаесетникот, Серхио Бускетс беше во дуел со Сирота, а играчот на Динамо заврши на тревата.

Судијата реши дека нема елементи за пенал, иако се гледа како Бускетс со двете раце го влече противникот. Од ВАР-собата проценија дека оваа ситуација не е сомнителна и не му сигнализираа на главниот судија да побара повторена снимка од тој момент.

На синоќешните мечеви, спорна ситуација имаше и во Бергамо, кога Кристијано Роналдо даде гол во 91-вата минута за израмнување 2:2 на Манчестер јунајтед против Аталанта. Непосредно пред да го постигне голот, Гринвуд, кој му асистираше на Кристијано, играше со рака, но од ВАР-собата не сиганлизираа ништо. 

 

 

- Оглас -

Најнови вести