ВАР не му дозволи на Ливерпул да го освои „Амекс“ (видео)

Ливерпул не може да се задоволи со бод по ремито од 1-1 на гостувањето кај Брајтон во рамки од 10-тото коло во Премиер лигата.

Актуелниот првак во три наврати успеа да ја затресе мрежата на Рајан, меѓутоа два од погодоците ги поништи ВАР поради милиметарски офсајди, прво на Салах, а потоа и на Мане.

Јирген Клоп воопшто нема причини за радост, бидејќи погодокот на Жота во 60-тата минута не беше доволен за да се освојат трите бода. Германскиот стратег остана без уште еден важен играч, Џејмс Милнер поради повреда се приклучи во „болницата“ на Ливерпул и ќе се чекаат резултати од прегледите за се утврди сериозноста на повредата.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1332683829027479554

Инаку, Брајтон прв можеше да ја отвори средбата, меѓутоа Мопај промаши пенал во 20-тата минута, а домаќините пропуштија уште неколку добри шанси за погодок. Се играше судиското надополнување кога судијата Атвел по вторпат досуди пенал во корист на Брајтон, а овојпат Гроз не погреши и ги постави конечните 1-1.

Ливерпул останува лидер во Премиер лигата со 21 бод, еден повеќе од Тотенхем, додека Брајтон сега има 10 бода и останува на 16-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести