ВАР поништи гол за Струга, Брејдаблик со убав гол има водство на полувреме во Охрид (Видео)

Струга Трим Лум губи со 0-1 по првото полувреме на дуелот со исландскиот Брејдаблик кој се игра во Охрид, во првата од двете нивни меѓусебни битки за влез во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Стрелец на голот беше Хоскулдур Гунлаугсон, кој со слалом се прошета низ одбраната на стружани и со силен удар од 15-тина метри откосо го совлада голманот Ќосевски. Голот на Исланѓаните може да го видите ТУКА.

При 0-0, Струга постигна гол, но по интервенцијата на ВАР, беше проценето дека стрелецот Буњамин Шабани направил фаул над голманот и погодокот беше поништен.

- Оглас -

Најнови вести