ВАР повторно ги лути фановите во Англија (Фото)

Победата на Кристал Палас над Лидс беше убедлива и заслужена, но во 18-та минута на тимот на Езџан Алиоски му беше поништен гол за 1-1 поради наводен офсајд. Којзнае каков тек ќе имаше средбата ако гостите од Јоркшир израмнеа во тој момент. Стрелец беше Патрик Бамфорд, но радоста на Лидс ја прекинаа судиите од ВАР собата.

Се прегледуваше снимка, и утврдено е дека Бамфорд бил во недозволена позиција. Никој не е убеден во тоа, освен фановите на Кристал Палас.

Рамото на Бамфорд наводно беше измерено дека е најблиску до голманот на Палас, и според прописите, нема ништо спорно, голот требаше да биде поништен. Раката е во офсајд, но, тој дел од телото не се гледа, туку само деловите со кои смее да се даде регуларен гол, а такво е рамото. Друго прашање е дали поништувањето е во духот на фудбалската игра? Во Англија сметаат не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести