Мајсторски слободен удар и несреќен автогол за потоп на Лидс и Алиоски во Јужен Лондон (видео)

Тежок пораз претрпи Езѓан Алиоски и неговиот Лидс јунајтед на гостувањето кај Кристал палас со конечни 4-1 во мечот од осмото коло во Премиер лигата. Третпат сезонава се случува тимот на Бјелса да дозволи четири погодоци во својата мрежа, претходно тоа им успеа на Ливерпул и Лестер.

Домаќините во само 10 минути, од 12-тата до 22-та минута поведоа со 2-0 со головите на Дан и фанстастичниот слободен удар на Езе. Во меѓувреме ВАР му поништ гол на Лидс за израмнување, но Бамфорд не се демотивира и втората шанса ја искористи да намали на 2-1.

Се играше 42-та минута кога Коста си постигна несреќен автогол во обид да го спречи нафрлувањето на Ван Анхолт, па Ају го постави конечниот резултат на дваесетина минути до крајот на средбата.

- Оглас -

Најнови вести