ВАР, пенали, лудо четвртфинале на младинското СП во Полска

Еквадор беше подобар од САД со 2-1, а Јужна Кореја го победи Сенегал на пенали, откако по 120 минути беше 3-3, во четвртфиналните мечеви кои одредија второто полуфинале на Светското првенство за играчи до 20 години да биде помеѓу селекции од Јужна Америка и Азија. Другото полуфинале беше познато вчера, а ќе играат Италија и Украина.

Неверојатно драматичен беше вечерашниот двобој во кој во второто полувреме во главна улога беше судијата, а потоа двете селекции дадоа по еден гол во завршните секунди.

Најпрвин со помош на ВАР, се досуди пенал за Кореја. Ударот од 11 метри беше реализиран за 1-1. Потоа и за Сенегал беше досуден пенал, а се гледаше снимка за утрвдување на исправноста на одлуката. Сенегалецот утна, но судијата го врати и му даде нова можност, бидејќи голманот на Кореја се движел пред шутот. Од вториот обид, пеналот беше претворен во гол.

Сенегал двапати даде и трети гол, но тие голови беа поништени по прегледување на видео снимката. Судијата покажа 9 минути екстра време, а во 98 минута, по еден корнер, Корејците изедначија на 2-2 и се спасија од пораз.

Во првото продолжение, Кореја даде гол, кој се покажа како решавачки. Интересно е што погодокот падна во 96 минута, шеста минута од екстра периодот, а голот за 2-2 беше даден во осмата минута од судиското продолжение после регуларните 90. Сенегалците во последните секунди изедначија на 3-3 и се изборија за пенали.

Во пенал рулетот, повеќе знаење, нерви и смиреност имаа Корејците, но и тука имаше драма. Кореја ги утна првите два пенали, но Сенегал не знаеше да го искористи тоа.

- Оглас -

Најнови вести