Колорадо авеланш поведе со 1:0 против Едмонтон ојлерс во првиот меч од финалната плејоф-серија во Западната конференција во НХЛ, а мечот заврши со рекорд и со победа на домаќините од 8:6.
Тоа е најголем број голови на прв меч во конференциско финале во историјата на најсилната хокејска лига на светот, а лудиот меч имаше и контроверзни моменти.
Третиот гол за Колорадо што го постигна Макар на 14 секунди до крајот на првиот период беше спорен откако претходно Никушкин беше во офсајд, а потвфрли и ВАР-системот.
“why do nhl goal reviews take so long?!” pic.twitter.com/Ja48CqC0pK
— Ava (@avatarrant) May 24, 2022
Технологијата за проверка на спорните моменти не функционираше, па голот за 3:2 беше признат.
“Onside” – NHL pic.twitter.com/rU8v7Ky0Kw
— World Hockey Report (@worldhockeyrpt) June 1, 2022
Колорадо водеше со 7:3, па Едмонтон стигна до 7:6, но Ландеског на празна мрежа во последните моменти ја потврди победата на Авеланш.
https://twitter.com/NHL/status/1531819781808181248?s=20&t=qMabqDKCJIc3N8-qkZF5yQ
На мечот имаше вкупно 13 различни стрелци, што е раритет, а само Компер од Колорадо успеа да биде двоен стрелец на рекордниот меч со голови во НХЛ.