ВАР-системот требало да го поништи најбрзиот гол во историјата на Серија А

Рафаел Леао вчера влезе во историјата на италијанскиот фудбал како стрелец на најбрзиот погодок во историјата на Серија А. Бразилецот погоди само за 6,2 секунди на гостувањето кај Сасуоло и со тоа го надмина рекордот на Паоло Поџи од Пјаченца, постигнат во декември 2001 година.

Поранешниот судија Лука Марели тврди дека погодокот на Леао требало да биде поништен со прегледување на ВАР-системот затоа што Леао при изведувањето на почетниот удар, бил на противничката половина, што е недозволено. Сепак, арбитрите не го забележаа овој момент и погодокот на Леао е признат и сега е запишан како најбрз во историјата на Серија А.

- Оглас -

Најнови вести