Варан 11 години ги криел проблемите: „Играв со едно колено, тоа е уметност“

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан по повредата на коленото мораше да ја заврши кариерата само со 31 година. Тој и понатаму ќе остане во Комо, но ќе добие некоја друга функција. Сепак, фудбалерот даде шокантна изјава дека 11 години играл само со едно колено.

„Кога се повредив, веднаш знаев дека е готово. Фактот дека тоа беше левото колено за мене значеше крај. Моето лево колено мораше да го надополни десното од 2013 година и благодарение на него успевав да пронајдам баланс. Кога левото колено ќе ти каже дека му е доста од носењето на товарот, тогаш мораш да го послушаш. Понекогаш си велев ‘Како би играл со две нозе…’ Да се игра со едно здраво колено беше уметност. Со години немав направено лизгачки старт. Чекав вистински момент да влезам во дуел, кога да застанат или да забрзам. Немаше да успеам во тоа да не беше ова колено. Од мојата 20-та година играм така. Десното колено со текот на времето зацврсна, но не беше подвижно и целиот товар беше на левото колено. Како играв со едно колено? Со многу труд, одрекувања, грижа и научив да држам рамнотежа“, вели Варан, кој во својата кариера настапуваше за Манчестер јунајтед и за Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести