Варбергс чекаше 94 години за пласман во Прва лига – За историскиот успех помогна и македонски играч

Варбергс бојс конечно успеа да се пласира во Првата шведска лига, а во ремито 1:1, што донесе историја за малиот клуб од Варберг, учествуваше и поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Даниел Крезиќ.

Клубот што е основан пред 94 години за првпат ќе игра со елитата во Шведска од следната година. Заслуги, и тоа значајни, има 23-годишниот Крезиќ, кој одигра 28 натпревари од вкупно 30 за новиот прволигаш.

Крезиќ во 2017 година одигра еден меч за младата македонска репрезентација за играчи на возраст од 21 година, а претходно настапи и за селекцијата до 19 години.

Варбергс со 55 бода заврши на второто место во популарната Суперетан, како што во Шведска ја нарекуваат втората фудбалска лига, и заедно со Мјалби ќе игра во највисок ранг за првпат во клупската историја.

 

- Оглас -

Најнови вести