Вардар 1961 не успеа во пенал-рулетот, Нексе оди на фајнал-фор во СЕХА

Нексе ќе игра против Загреб во полуфиналето на регионалната СЕХА-лига. Тимот од Нашице вечерва во „Јане Сандански“ на пенали го победи Вардар 1961.

Во првото полувреме Нексе водеше и со четири гола разлика, гостите на пауза заминаа со плус три (15-12), но вардарци не се предаваа и во 50-тата минута израмнија на 23-23, што ја разгоре и атмосферата на трибините во „Јане Сандански“.

Вардар поведе со 27-26 на две минути до крај, но средбата заврши 28-28, па пеналите решаваа кој да оди на Ф4 во Задар.

Во пенал-рулетот за Вардар утнаа Талески и Ѓукиќ. Талески со 11 гола беше најефикасен во регуларните 60 минути, но во финишот се претвори еден од трагичарите.

Македонија може да има претставник на финалниот турнир, а тоа е Еурофарм Пелистер, кој задутре во Битола треба да го победи Мешков Брест за да си закаже полуфинале со Веспрем.

- Оглас -

Најнови вести