Вардар и Воска победија, дербито меѓу Гостивар и Пелистер заврши со реми

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар без многу проблеми славеше на гостувањето во Велес против Борец со 3:0, во меч од Втора лига. Владимир Жоглев го најави триумфот со два гола во првото полувреме. Најпрво погоди во 28 минута, а потоа по втор пат се израдува осум минути подоцна. Трет гол за три бода на Вардар постигна Јусуфи во второто полувреме и сигурен триумф на фаворитот.

Воска минимално со 1:0 победи на гости кај Беса, а дербито меѓу Гостивар и Пелистер заврши без победник, 1:1.

Резултати: Беса – Воска 0:1 , Борец – Вардар 0:3, Детонит Плачковица – Кожуф Гевгелија 0:0, Саса Каменица – Слога Виница 1:0, Гостивар – Пелистер 1:1 , Пехчево Скопје – Беласица не се одигра, Охрид – Арсеми 2:0.

Табела: Воска 46 бодови, Вардар 46, Гостивар 44, Пелистер 40, Детонит 32 (меч помалку), Беласица 29 (-1), Охрид  29, Беса 24, Арсими 24, Караорман 23 (-1), Кожуф 20 (-1), Пехчево 17 (-1), Слога Виница 16 (-1), Саса 14 (-1), Тетекс 11 (-1), Борец 1.

- Оглас -

Најнови вести