Вардар десет години немаше загубено од Татран, ама и таа серија заврши

Вардар 1961 цела деценија не знаеше за пораз од Татран, никогаш немаше загубено во Прешов, но овие убави традиции завршија попладнево, словачкиот тим беше подобар со 27-23.

Татран поведе со 2-0, па следуваше серија од 6-1 на Вардар за 6-3 во 10-та минута, но домашните брзо возвратија со иста мерка за водство од 9-7. На полувреме, беше 14-11 за Прешов.

Во вториот дел, разликата се одржуваше, постепено и растеше, па во 46-та минута беше 21-16. Вардар се доближи на 22-21 на 6 минути до крај, но не ја загрозија победата на домашните.

Репрезентативците Талески со 8 и Георгиевски со 4 голови беа најефикасни во тимот на тренерот Недановски.

Следниот меч за Вардар е на 1 февруари дома против белградски Партизан.

- Оглас -

Најнови вести