13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Вардар добива екстра засилување во средниот ред, играч од доверба на Захариевски

По доаѓањето како тренер на Вардар, Срѓан Захариевски ја констатирал потребата од засилување на средниот ред, а изборот падна на Србинот Немања Босанчиќ.

Босанчиќ сезонава ја почна во литванскиот Паневежис, но наскоро треба да го облече црвено-црниот дрес и да биде од голема помош за Вардар. Босанчиќ има играно во македонската лига, и тоа во Струга Трим Лум, во времето кога Захариевски беше тренер на стружани, а сега ќе соработуваат и во најтрофејниот македонски клуб.

По заминувањето од Струга, Србинот играше и во Финска и Кина.

- Оглас -

Најнови вести