Вардар е аутсајдер против тимот од кој никогаш не загубил дома

Македонскиот ракометен првак Вардар во „Јане Сандански“ попладнево од 18 часот ќе му биде домаќин на унгарскиот ПИК Сегед, во заостанат меч од групната фаза во Лигата на шампиони. Во досегашните шест одиграни меча, Вардар има само една победа, едно реми и четири порази и е на дното на табелата од осум екипи. Сегед е на шестото место со три победи и пет порази во осум средби.

Иако според коефициентите унгарскиот тим е фаворит, традицијата е на страна на Вардар. Во досегашните шет меча со овој ривал во „Јане Сандански“, Вардар има четири победи и само едно реми, без ниту еден пораз. Освен тоа што Сегед не знае за победа во Скопје, унгарскиот тим на гости сезонава во ЛШ има четири порази во исто толку средби.

Ако верувате во традицијата и силата на Вардар, вреди да се одигра „кец“.

 

- Оглас -

Најнови вести