Вардар е магија – Прекрасна ноќ во Скопје што потсети на славните денови на гигантот (Фото)

Вардар е фудбалска магија и во прекрасна ноќ на „Тодор Проески“ потсети на славните денови кога беше и шампион на Југославија, но и освои 11 титули во македонското првенство.

Се славеше двоен јубилеј, 75 години од постоењето на најтрофејниот клуб во Македонија и 35 години од навивачката група Комити во спектакуларна атмосфера со познат гостин, Железничар од Сараево.

Мечот симболично заврши во 87-мата минута во чест на Комити, кои се формирани во 1987 година.

Претходно имаше спектакуларна прослава во 75-тата минута во чест на 75 години постоење на Вардар.

Популарниот Жељо прифати да гостува во Скопје на пријателски меч за два големи јубилеи на најголемиот македонски спортски бренд.

Мечот заврши со победа на Вардар од 2:0, но, пред сè, важно е што се славеа два убави јубилеи во прекрасна атмосфера во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести