Вардар и официјално доби нов сопственик

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, заедно со Слободан Крстевски, кој е споственик на „Блу Скај инвестмент“ и поранешниот директор на ФК Вардар, Самоил Симев, направи примопредавање на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.

„На мое огромно задоволство, можам и официјално да соопштам дека успешно заврши посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот инвеститор и сопственик на ФК Вардар, со што всушност успеваме да обезбедиме извесна иднина за ФК Вардар како една од најголемите спортски институции во нашава земја. Станува збор за фирмата ‘Блу Скај инвестмент’, која е согласна во целост да го преземе постојниот договор со сите услови што Град Скопје го има склучено со поранешниот сопственик“, рече градоначалникот Шилегов.

Новиот инвеститор се обврза да ги превземе обврските кои ги има Црвено-црниот клуб и што е можно побрзо тимот да се врати во првата фудбалска лига.

„Сите долгови кои се настанати во меѓувреме, кон сите коминтенти и играчи, во наредниот период ќе бидат во целост подмирени од новиот инвеститор, што е дел од новиот договор. Во наредниот период јас со гордост ќе можам да побарам од Советот на Град Скопје на следната седница, која планираме да се одржи во втората половина на месец август, овој договор да биде одобрен како од надлежен орган кој ја има донесено и претходната одлука за продажба на акциите на ФК Вардар“, објасни Шилегов.

Фото: фејсбук Град Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести