Вардар и Работнички десетти пат по ред одиграа меѓусебе со 0-2 гола

Рабботнички и Вардар и во вториот меѓусебен дуел сезонава одиграа нерешено, овојпат 0-0, и како да стана традиција мечевите на овие стари скопски ривали да бидат неефикасни. На последните десет пресметки, никогаш немало повеќе од два гола.

Затоа, проблем со ефикасноста немаа Шкупи кој со 3-1 победи во Битола против Пелистер, а првиот стрелец во лигата Дембо Дарбо направи хет-трик. Македонија Ѓорче Петров со 3-1 славеше на гости кај Беласица. Во останатите денешни мечеви, Ренова – Силекс 0-0, Струга Трим Лум – Академија Пандев 1-1, а вчера Шкендија беше подобра од Борец со 2-0.

После 15 кола, Шкендија е прва, и има два бода плус во однос на Шкупи и четири пред Македонија ЃП.

Инаку, по повод 3 Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост, ФК Работнички, во соработка со здружението „Рилука“ од Битола и хуманитарната организација „Св. Спас”, испрати јасна порака… „Да ги видиме невидливите“. Ставен е акцент на лицата кои имаат попреченост, која може да биде од физички или психички карактер, а истата не е јасно видлива.

Фудбалерите на своите гради носеа ленти со картички на кои беше јасно видлив „Сончогледот“ како симбол, како знак за поддршка на сите оние наши сограѓани на кои им е потребна помош во даден момент при извршување на своите активности (пр. чекање во ред да се купат билет за натпревар, во банка, маркет, институција и сл), а нивната попреченост не е јасно видлива или не можат да ја искомуницираат со нас (пр. се глуви или наглуви, заболуваат од некоја болест, имаат растројство од аутистичниот спектар и слично).

 

- Оглас -

Најнови вести