7.8 C
Skopje
петок, 5 декември 2025

Вардар и Струга Трим Лум решаваат кој ќе презими на врвот во Првата лига

Најтрофејниот македонски клуб Вардар има еден бод предност и доколку победи на денешното гостување (13 часот) кај Македонија ЃП во Ѓорче Петров, ќе остане на врвот на табелата во текот на зимската пауза. Вардарци се големи фаворити, што може да се забележи и според квотите.

Струга Трим Лум има еден бод негатива во однос на Вардар и исто така гостува, но во Кавадарци. Тиквеш е во позитивна серија, но стружани имаат само победи во последно време и очекуваат да ја продолжат низата и на овој меч.

Останатите натпревари од 16-тото коло во Првата фудбалска лига се играат наредните денови, по што завршува првиот дел од сезоната во македонскиот клупски фудбал.

- Оглас -

Најнови вести