Вардар и Воска Спорт имаат рок до среда да обезбедат лиценци за настап во Првата лига

Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Вардар, и дебитантот ,Воска спорт, сè уште немаат лиценци за настап во Првата лига и имаат рок до среда да го завршат процесот на добивање лиценца, во спротивно нема да бидат дел од најсилната фудбалска лига.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) токму поради проблемите со документацијата на Вардар и Воска спорт, неколкупати ја одложуваше ждрепката и формирањето на распоредот за новата натпреварувачка сезона, ѝ на двата тима им даде последен рок до 26-ти јули да ја обезбедат потребната документација.

Проблемот на Вардар е што нема поднесено завршна сметка за ланската сезона која треба да ја достави поранешниот сопственик Слободан Крстевски, а згора на тоа е блокирана жиро-сметката на клубот кој фукционира преку друга жиро-сметка. Тоа е казниво според правилата на УЕФА, и ФФМ мора да ги почитува одлуките на европската куќа на фудбалот.

Проблемот со Воска спорт е што се уште функционира како Здружение на граѓани, а не како акционерско друштво како што налагаат прописите.

Стартот на новата сезона во Првата фудбалска лига е закажан за 6-ти август.

 

- Оглас -

Најнови вести