Вардар има супер засилувања: Не поминаа 24 часа откако се приклучија на тимот на заедно дадоа пет гола

Вардар со убедлива победа од 5:0 против Тетекс ги започна подготовките за пролетниот дел во Втора лига. Црвено-црните беа расположени за игра и на крајот пет пати ја погодуваа мрежата на противникот.

Интересно е дека стрелци на сите пет голови беа тројцата нови играчи кои пред само 24 часа беа промовирани во составот на Вардар. Дарко Размоски, Дејан Цветаноски и Роберт Митев се приклучија на најтрофејниот клуб, а против Тетекс, Размиоски и Цветаноски постигнаа по два гола, додека Митев кој утрово се приклучи на екипата, даде еден гол.

 

- Оглас -

Најнови вести