Вардар ќе го победи Борец, а да има 4 гола квотата е огромна

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар втора сезона по ред е во Втора лига. Црвено-црните се надеваат дека оваа година ќе успеат да се изборат за враќање во елитата.

По првите три кола Вардар има две победи и едно реми, а денеска од 16 часот се домаќини на Борец. Овој меч го има и во Sport Life за обложување, а Вардар е голем фаворит за победа. Ако верувате дека ќе има многу погодоци, односно четири или повеќе, квотата е дури 2.85.

Освен овој меч, од Втора лига за обложување е и дуелот меѓу Воска Спорт и Беса. Боска е единствен тим со максимални девет бода од првите три кола.

Денеска се игра и еден меч од Прва лига, во кој Македонија Ѓорче Петров е домаќин на Силекс, а Лавовите се фаворити за освојување на трите бода.

- Оглас -

Најнови вести