Вардар ќе игра во финалето на традиционалниот турнир во Струга

Ракометарите на Вардар со победата над шведскиот Гуиф од 28:26 го освоија првото место во групата Б на традицоналниот турнир во Струга

Црвено-црните по победата над домаќинот Струга во првото коло од 29:17, вечерва во директниот дуел со 28:26 го совлада Гуиф и го освои првото место во групата што воедно значи и освојување на првото место и пласман во финалето.

Вардарци во најголем дел го контролираа резултатот, но во финишот дојде до опуштање кои го искористија ракометарите на Гуиф кои ја анулираа негативата од шест гола и внесоа максимална неизвесност во последните минути.

Сепак, во финишот, вардарци беа поконцентрирани и благодарение на голманот Мартин Томовски (мечот го заврши со 14 одбрани) кој имаше неколку одбрани кога беше најпотребно дојдоа до победата. Стефан Петриќ даде седум гола, Јагуриновски и Николиќ дадоа по пет, а Лазаревски постигна четири гола за Вардар.

Можен противник на Вардар е Алкалоид кој за неколку минути ќе го започне мечот со АЕК Атина во рамки на групата А кој ќе одлучи кој ќе игра во финалето.

- Оглас -

Најнови вести