Вардар лесно ја елиминира Саса, фаворитите беа сигурни во Купот

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија откако со 3:0 славеше на гостувањето кај Каменица Саса. Црвено-црните поведоа со голот на Христов само по 11 минути игра, а триумфот беше потврден со двата гола во вториот дел. Десниќ погоди за 2:0 во 54-тата минута, а Жоглев го потврди триумфот со погодок во 90-тата минута.

Во следното коло се пласираа и останатите фаворити. Шкупи славеше на гости кај Беласица, Шкендија беше подобра на теренот на Караорман, додека Пелистер со гол во 89-тата минута се израдува против Гостивар.

Најубедлив беше тимот на Академија Пандев, кој со 6:0 го победи Тетекс.

Резултати од мечевите во 16-финалето на Купот на Македонија: Беласица – Шкупи 1:3, Фортуна Скопје – Борец 5:3, Каменица Саса – Вардар 0:3, Караорман – Шкендија 0:3, Гостивар – Пелистер 0:1, Кожуф – Тиквеш 0:2, Слога Виница – Брегалница 0:3, Тетекс – Академија Пандев 0:6.

- Оглас -

Најнови вести