Вардар му подари бод на битолскиот ривал во 90+4

По две и пол години пауза, старите ривали Пелистер и Вардар повторно се сретнаа во прволигашки рамки, а дербито на „Тумба кафе“ заврши со нерешени 1-1.

Актуелниот македонски шампион во Битола дојде по трите бода и беше многу блиску да ги освои по погодокот на Цветаноски во 32-та минута. Гостите сепак, не издржаа во финишот и му подарија на Пелистер бод во последните секунди, откако Бразилецот Чарлестон си постигна ефектен автогол за конечни 1-1.

Вардар по осум кола стои на осмото место на табелата со 11 бода, Пелистер има еден помалку на деветтото место.

- Оглас -

Најнови вести