Вардар надојде, Академија Пандев настрада

Вардар игра одличен фудбал, брз, ефикасен и продолжи да реди победи во Првата лига, а нова „жртва“ на н ајторфејниот клуб е Академија Пандев.

Во дербито на деветтото коло во деулот на лидерот и второпласираната екипа во нашето првенство, неочекувано лесно со 3:0 славеше Вардар.

Јунак на мечот беше бекот Владица Брдаровски со два гола, а првиот го постигна Дарко Мицевски од пенал. Гостите беа инфериорни и лесно го положија оружјето пред разиграниот лидер.

Во прилог на Вардар му оди и ремито во тетовското дерби меѓу шампионот Шкендија и Ренова. Домаќините водеа со голот на Бесарт Ибраими, но потоа доживеаја вистински шок во решија на Влатко Стојановски. Напаѓачот на Ренова за една минута постигна два гола за пресврт. Но, Егзон Бејтулаи со погодок во 88. минута не дозволи сензација и пораз на шампионот, а дербито под Шара заврши нерешено, 2:2.

Со реми, 1:1 во интересна авантура трган турската фудбалска легенда Умит Каран, како тренер на Шкупи. Чаирчани водеа со 1:0 против Работнички, но еден од најдобрите стрелци во нашето првенство, Петар Петковски израмни на 1:1 и му го расипа дебито на Каран.

Со голот на ветеранот Боби Божиновски, Македонија Ѓ. П. ја победи Победа, а Беласица и Силекс ремизираа 1:1 во Струмица.

Табела: Вардар 23, Шкендија и Академија Пандев по 16, Ренова, Победа и Работнички по 11, Македонија и Беласица по 10, Силекс 7, Шкупи 6.

- Оглас -

Најнови вести