Вардар настрада во Тетово во дербито на Црвено-црните

Шкендија го прегази Вардар со 4-0 и изби на чело на табелата во првата македонска фудбалска лига.

Вардар веќе осум години нема лигашка победа во Тетово, а ваков пораз никогаш немал во лигашки меч на гостување кај Шкендија. Дека нема да биде добро за Вардар се виде уште по 155 секунди игра кога домашнуте поведоа 1-0, а на полувреме беше 3-0.

Интересно беше и во Струга каде првакот двапати водеше, но гостиварци изедначуваа и освоија бод.

Шкендија е прва со 17 бодови, следуваат Гостивар и Работнички со по 16, Силекс има 13, Струга 12, а на последните три места се Вардар со 7, Тиквеш со 6 и Воска спорт со 5 бода.

РЕЗУЛТАТИ: Брера Струмица – Пелистер 4-0, Беса – Воска спорт 1-0, Работнички – Шкупи 2-1, Шкендија – Вардар 4-0, Струга Трим Лум – Гостивар 2-2, Тиквеш – Силекс 0-0.

 

- Оглас -

Најнови вести