Ракометарите на Вардар доживеаја неверојатен пораз на Регионалниот турнир кој се одржува во Скопје, откако со гол во последната секунда загубија од Војводина со 27-28.
Сепак, такви работи се случуваат во спортот и не е ништо чудно, но неверојатен е фактот дека Вардар имаше водство од 27-20 на 16 минути и 15 секунди до крајот на мечот и не успеаја да постигнат нитуеден погодок. Му дозволија на противникот со серија од 8-0 да дојде до победата и да се врати во игра за освојување на трофејот во Скопје.
Во сабота, во вечерниот термин од 21 часот на програмата е македонското вечно ракометно дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, дуел после кој ќе се знае и освојувачот на трофејот од Регионалниот ракометен турнир во Скопје.