Вардар одамна вака не го разбил Пелистер, решавачки мајсториите на Данев (Фото)

Вардар ја извојува една од најубедливите победи над Пелистер во историјатот на нивните 81 меѓусебни дуели, славеше со 4-1 за сигурен старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Битолчани при 0-0 имаа една прекрасна шанса која не ја искористија, а Вардар поведе во судуското продолжение од првиот дел со убав гол на Димитар Данев.

Вардарци поведоа и 2-0, кога погоди Мато, но Пелистер најде сили да намали и да ја врати неивесноста.

Данев се претвори во јунак на Црвено-црните, со нов убав гол зголеми на 3-1 и ги отстрани дилемите околу победникот на дербито.

Точка стави Аргентинецот Кастанеда во финишот.

Тука беше и ВАР мониторот како новина на македонските терени.

Лојал фанс прославија 25 години од своето постоење, имаше пиротехничко шоу за збогатување на дербито кое го следеа околу 5.000 гледачи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести