Вардар победи со 34:25 на гости кај Мелсунген во последниот меч од групната фаза во Европската лига на ЕХФ. Со овој триумф Вардар го освои првото место во групата и обезбеди директен пласман во четвртфиналето, што беше и првична замисла на Црвено-црните.
Германскиот тим прв постигна гол на денешниот меч, но потоа Вардар заигра цврсто во одбраната, а во нападот погодуваше, па во деветата минута македонскиот тим водеше со 6:1. Тоа беше знак тренерот на германскиот тим, Парондо да побара тајмаут. Потоа германскиот тим влезе во серија и во 17 минута домаќините намалија само на еден разлика (7:8).
Сепак, тоа не ги збуни вардарци, па македонскиот преставник постигна три гола по ред и на врати предноста на четири разлика (11:7), а во финишот на првиот дел, гостите прв пат поведоа со пет разлика и на одмор заминаа со водство од 17:12.
Во второто полувреме Вардар започна уште посилно, па многу брзо стигна до 20:12 и потоа во текот на целото полувреме гостите рутински ја чуваа високата предност и на крајот стигнаа до посакуваната победа.
Со оваа победа Вардар го освои првото место во групата со осум бодови пред Мелсунген кој има шест бодови, додека третото место го освои Бенфика со четири бодови. Екипата на Кристенштад заврши на последното место во групата со четири бодови.
Во четвртфиналето, Вардар ќе го чека подобриот од осминафинална пресметка меѓу Фленсбург и Скандерборг.

