Вардар победнички ја заврши 2018 година во ЛШ

По два порази и едно реми, Вардар повторно победува во Лигата на шампиони, откако во „Јане Сандански“ беше совладан Кјелце со 28:27. Со овој триумф, македонскиот првак се искачи на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Барселона. Ова беше последен меч од елитната лига во 2018 година за „црвено-црните“

Иако резултатот покажува дека било неизвесно до самиот финиш, Вардар во текот на речиси целиот меч имаше контрола на резултатот и предност, која најмногу изнесуваше пет разлика.

Криштопанс со 5 гола беше прв стрелец кај Вардар, додека Скубе даде 4 гола. Голманот Милосављев беше одличен со 11 одбрани. Кај Кјелце, некогашните вардарци Душебаев и Циндриќ беа најистакнати. Душебаев даде пет гола, а Циндриќ погоди три пати, но тоа не беше доволно да ги спасат гостите од пораз.

Кјелце добро го отвори мечот и поведе со 3:2, но Вардар брзо ја превзема контролата на мечот. Со серија од 4:0, „црвено-црните“ поведоа со 6:3 (12 минута). Избраниците на Парондо продолжија со добра игра и стигнаа до пет гола предност (12:7 во 23 минута). Полскиот тим до полувремето успеа да намали три гола негатива и Вардар замина со преднсот од 14:11.

И второто полувреме започна во ист ритам. Вардар ја оддржуваше предноста меѓу два и четири гола. Во 40 минута Вардар имаше повторно стигна до највисоките пет гола предност, 21:16, а потоа беше и 23:18  во 45 минута. Тогаш следи серија на гостите од 3:0 и надеж дека може да се достигне негативата на македонскиот првак (23:21), а во последните пет минути се влезе само со гол предност за Вардар 26:25.

Дисингер погоди за 27:25 и тоа во ситуација кога се закануваше пасивен напад за Вардар, а гостите возвратија. На минута и пол до крајот Карачиќ даде гол за 28:26, а потоа гостите промашија и се беше јасно. По два порази и едно реми во ЛШ, Вардар повторно победи.

Вардар сега има шест победи, едно реми и три порази и со 13 бода е на второто место на табелата зад лидерот Барселона, додека Кјелце е трет со 12 бодови.

Во останатите мечеви кои досега завршија во ЛШ: Бешикташ – Чеховски Медведи 27:30, Загреб – Мотор 27:25, ПСЖ – Скјерн 38:28.

 

 

- Оглас -

Најнови вести