Вардар повеќе од две години не знае за пораз од вечниот ривал

За денес се предвидени пет натпревари од 15-тото коло во Првата лига на Македонија кои стартуваат во 13 часот, а целото внимание ќе биде насочено кон градското дерби меѓу Вардар и Работнички кое ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Старите ривали по третпат ќе се сретнат оваа година, односно вторпат во новата сезона по ремито од 1-1 од четвртото коло во кор Романтичарите беа домаќини на „Градски“.

Актуелниот македонски првак повеќе од две години не знае за пораз од Работнички во лигашките пресметки, поточно шест меча трае низата на Вардар. Работнички на 22 ноември 2018 година памети последна победа над Вардар, токму како гостин со минимални 1-0. Од тој меч, тимот на Васоски славеше во три средби, додека во три меча не се одреди победник.

Останатите дуели од 15-тото коло на ПМФЛ се Беласица – Македонија ЃП, Пелистер – Шкупи, Ренова – Силекс и Струга ТЛ – Академија Пандев.

- Оглас -

Најнови вести