Вардар повторно во проблеми поради корона-вирусот, еден играч е позитивен

Ракометниот клуб Вардар повторно се соочува со корона-вирусот, а денеска се направени дополнителни тестирања откако резултатот на еден играч бил позитивен.

Се работи за играч чие име засега не е познато, тој е изолиран и немал контакт со останатите ракометари кои патем сите се негативни, како и членовите на стручниот штаб. Играчот бил пратен дома откако му била измерена покачена температура, освен тоа нема други симптоми.

Вардар за три дена го пречекува Фленсбург во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите, по што ракометарите продолжија со подготовките по неколку дена пауза, со оглед на празниците и слободни денови.

Инаку претходно корона-вирусот се појави кај Стојанче Стоилов, кој не беше во можност да игра на фанјл-фор турнирот на СЕХА-лигата, кој на стартот од сезоната се одржа во Задар.

- Оглас -

Најнови вести