И тоа се случи: Вардар против Вардар и Слога против Шкупи во фудбалскиот Куп

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе гостува кај Вардар од село Форино во меч од 1/16-финалето на Купот на Македонија, реши денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија.

Освен Вардар што ќе игра против имењакот, Слога од Виница ќе биде домаќин на Шкупи, а атрактивен може да биде и дуелот Победа – Македонија Ѓорче Петров.

Мечевите од првата фаза во Купот се играат на 23 септември, а двојките се:

Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар Скопје
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Кит Го – Скопје
Победа – Македонија ЃП
Љуботен – Пелистер
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Влазерими – Работнички
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица

- Оглас -

Најнови вести