Вардар сака победнички да ја затвори Лигата на шампионите во 2021 година

Македонскиот првак Вардар, вечерва во 20:45 часот против ППД Загреб ќе го игра последниот меч за оваа година од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ посакуваат со победа да ја завршат оваа „елитна“ година, а со тоа и да стават крај на серијата од пет едноподруго порази.

Иако во некои од тие натпревари што ги загубија, Вардарци незаслужено останаа со бодови. Последната средба против Кил беше токму таква, а германскиот великан до победата дојде само благодарение на подобрите индивидуални играчи.

Но, фокусот на ракометарите и стручниот тим предводен од Веселин Вујовиќ е насочен кон вечерашниот противник.

Овие две екипи имаат изиграно голем број на натпревари изминативе години, но најмеродавни се последните две, кои се одиграа во август во рамките на СЕХА лигата.

Токму во Загреб, ППД победи со 25:22, а неколку дена претходно Вардар се радуиваше на победа во „Јане Сандански“ од 24.20.

Во групата А, каде што се наоѓаат овие две екипи, во моментов се под број шест и седум.

Македонскиот тим има пет бода, додека „плинарите“ имаат еден помалку, па затоа победата ќе биде голем императив за двете екипи.

- Оглас -

Најнови вести