Вардар се поднови со познат лик, се врати голманот Филип Гачевски

Филип Гачевски се врати во Вардар и потпиша тригодишен договор со клубот за кој бранеше во моментите на најголем успех на евросцената и настапот во Европа Лигата пред четири години.

„Огромна чест, задоволство и мотив ми претставува враќањето во Вардар. Цврсто верувам во овој нов проект на клубот и доаѓам со цел да помогнам што поскоро да се вратиме на местото кое ни припаѓа, во самиот врв на Македонскиот фудбал. Посебна благодарност до управата на клубот, до сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски со кои лесно најдовме заеднички јазик, цели и амбиции. Со нетрпение го очекувам продолжетокот на првенството повторно да заиграм пред пред најдобрите навивачи Комити“, рече Гачевски.

Во нашата Прва лига бранеше за Брегалница во сезоната 2014/15 и потоа пет години го чуваше голот на Вардар, па лани се пресели во кипарски Енозис.

Сега повторно ќе го брани голот на најтрофејниот македонски клуб, во малку поинакви услови и во Втората лига, во обидот на скопјани да се вратата во елитниот ранг на натпревари.

- Оглас -

Најнови вести