Вардар – Шкендија без голови, за радост на гостите

Дербито меѓу двете најдобри екипи во македонскиот фудбал не ги оправда очекувањата. Вардар и Шкендија ремизираа без погодоци на меч кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Ремито многу повеќе им одговараше на гостите кои ја задржаа предноста од 12 бода пред најголемиот ривал, по 28 одиграни кола во Прва лига.

Ремито на првопласираните две екипи не го искористи Академија Пандев. Струмичани одиграа 1:1 на гости кај Македонија Ѓорче Петров. Гостите поведоа со голот на Миловановиќ, но „лавовите“ од Ѓорче покажаа дека никогаш не се предаваат и со погодокот на Филиповски во 65 минута стигнаа до вреден бод.

Резултати: Беласица – Победа 1:1, Македонија ЃП – Академија Пандев 1:1, Ренова – Работнички 1:2, Шкупи – Силекс 2:1, Вардар – Шкендија 0:0.

Табела: Шкендија 63 бодови, Вардар 51, Академија Пандев 47, Работнички 39, Ренова 36, Шкупи, 36 Македонија ЃП 35, Силекс 28, Беласица 24, Победа 20 бодови.

- Оглас -

Најнови вести