Вардар си донесе десен бек од Тунис

Ракометниот клуб Вардар во вториот дел од сезоната ќе биде посилен за Тунижанецот Мохамед Тарик Бакар.

Тој потпиша договор на 1,5 година, а доаѓа од тимот на Ксур Есеф. Бакар веќе се наоѓа во Скопје, а на екипата ќе и се приклучи на стартот на подготовките за вториот дел од сезоната.

Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, и е на поширокиот список на сениорската репрезентација. Покрај Ксур Есеф, Бакар има настапувано и за екипите на Клуб Африкан и Олимпик Солиман.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести