Вардар во 85-та минута даде гол, а во 90-та прими и остана без победа

Фудбалерите на Вардар одиграа 1:1 на гости кај Гостивар во првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Двата гола беа постигнати во второто полувреме, откако во првиот дел немаше премногу возбудувања, освен поништениот гол на Вардар во 17-тата минута поради офсајд.

Црвено-црните кои ги очекува тешка борба за опстанок во Првата фудбалска лига, поведоа со голот на Мишковски во 85-та минута, но радоста траеше само пет минути.

Гостивар во 90-та минута домаќините преку Шишковски постигна гол за конечни 1:1.
Со освоениот бод, Вардар сега има 18 бода колку што има и десеттопласираната Македонија ЃП, додека Гостивар е петти со 24 бодови.

- Оглас -

Најнови вести