Македонскиот ракометен првак го игра еден од најважните дуели сезонава. Во „Јане Сандански“ гостува Загреб, во меч од 12-тото коло на ракометната Лига на шампиони. Ова е дуел на две екипи кои се борат за да бидат во Топ 6 на табелата, а со тоа да обезбедат место во следната фаза.
Моментално Загреб е на шестото место со осум бода, додека Вардар е на седмото место со седум бодови. Тука е и Елверум, кој има осум бода на петата позиција.
Вардар и Загреб се добро познати ривали, кои во последниве пет години имаат одиграно дури 20 дуели. Црвено-црните се многу поуспешни и имаат 14 победи, едно реми (Вардар тогаш победи во продолженија), додека Загреб има само пет триумфи. Вардарци го објавија и составот со кој ќе настапат вечерва.
Сепак, хрватскиот првак е оптимист затоа што се радуваше на последните две средби против Вардар, но тоа двапати беше во Загреб.