Вардар заигра подобра одбрана и направи пресврт против Војводина

Со седмата победа на Вардар во осмиот настап сезонава во СЕХА-лигата, скопските „црвено-црни“ го задржаа првото место во својата група. Вардар покажа дека кога сака, може секого да победи. Иако ослабен, македонскиот и европски првак ја совлада Војводина во Нови Сад со 35-33.

Во првото полувреме српскиот имаше и пет гола предност, на пауза замина со 20-16, но потоа Вардар заигра подобро во одбраната, тоа значеше и поефикасен напад, па во салата која се вика „Солена бара“ Вардар дојде до нова победа.

Дибиров со 11 и Атман со 10 гола беа најефикасни во победничкиот тим, кој настапи без неколку значајни ракометари. На 9 декември Вардар игра со Татран Прешов, а потоа гостува кај Нексе за крај на оваа година во СЕХА друштвото.

- Оглас -

Најнови вести