Вардаровите навивачи најдобри во ЛШ, Милосављев ја има втората најдобра одбрана (Видео)

Вардар игра блескаво во Лигата на шампионите и е перфектен со четири победи од четири меча досега. Во саботата, во дербито на елитната лига, „црвено-црните“ во Скопје го победија Рајн-Некар Левен со 29:27. Навивачите во „Јане Сандански“ направија пеколна атмосфера, во која едноставно не можеше да се очекува ништо друго освен триумф на македонскиот првак.

Потег кој остана забележан во Европа е и доделувањето на дресот на Илија Абутовиќ. Пред почетокот на средбата, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, му додели дрес со број 20 на Абутовиќ, на кој пишуваше „Илија фала ти за сè“. Вардар не го заборави Србинот кој претходните седум сезони играше за Вардар, а сега е дел од тимот на Рајн-Некар. ТУКА погледнете како изгледаше тоа.

Покрај атмосферата во „Јане Сандански“, во изборот на ЕХФ, второто место за најдобра одбрана му припадна на Дејан Милосављев. Младиот српски голман имаше уште еден блескав натпревар. Милосављев имаше 10 одбрани против германскиот тим, а најзначајна беше таа во последната минута од мечот на 29:27, кога ги откажа гостите дека може да се спасат од пораз во „Јане Сандански“.

Одбраната на Милосављев е втора најдобра во колото, а топ 5 одбраните во ЛШ може да ги видите ТУКА.

Индивидуални признанија добија и Тимур Дибиров и Халил Јагањац од Металург. Вардаровото лево крило, како и левиот бек на Металург се најдоа во идеалниот тим на колото во ЕХФ. Дибиров со седум погодоци беше прв стрелец за Вардар во победата над Рајн-Некар, додека Јагањац даде 10 голови за Металург во поразот од Бјерингбро-Силкеборг.

 

- Оглас -

Најнови вести