0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Варди е вистинска легенда, стигна до подвиг кој претходно ги направил само Роналдо

Џејми Варди не планира да сопре со постигнување голови во Топ 5 лигите во Европа. На 38 години, поранешниот англиски репрезентативец и шампион на Премиер лигата со Лестер ја достигна неверојатната бројка од 150 постигнати голови во петте најдобри европски лиги.

Јубилејниот 150-ти погодок Варди го постигнаа во дресот на Кремонезе, во ремито 2:2 против Калјари. За Варди ова е петти гол во Серија А, а претходно имаше постигнато 145 погодоци во Премиер лигата како играч на Лестер.

Она што го прави овој подвиг уште поимпресивен е фактот дека тој постигна 116 голови по својот 30-ти роденден, подвиг надминат само од Кристијано Роналдо.

Португалецот кој за еден месец ќе наполни 41 година е постар од Варди, вкупно има постигнато неверојатни 290 погодоци во Топ 5 лигите, откако наполнил 30 години. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ имаше 162 за Реал Мадрид, 101 за Јувентус и 27 во својот втор престој во Манчестер Јунајтед.

Роналдо во кариерата има постигнато вкупно 958 голови и се обидува да стане првиот во историјата со 1.000 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести