Варди, Марез, Канте, се само дел од хероите на Лестер, но навивачите го обожуваат и Азар (видео)

Вториот ден од месецот мај во 2016 година беше клучен за Лестер. На тој ден нивниот ривал во шампионската трка Тотенхем гостуваше кај соседите Челзи во градското дерби. Евентуална победа на Петлите ќе ги одржеше нивните шанси за титулата во Премиер лигата, а избраниците на Маурисио Покетино беа блиску да ја расипат забавата на сите фанови на Лисиците.

Гостите имаа предност од два гола на „Стемфорд бриџ“ по првиот дел, Кејхил намали на 2-1 пред 60-тата минута, па на Сините им преостанаа триесетина минути да избегнат пораз. Се играше 83-тата минута кога Азар реализира вистински убавец за конечно реми од 2-2, а тоа значеше дека Лестер и официјално ја освои титулата во Англија.

Покрај хероите Варди, Марез, Канте и пред сè менаџерот Клаудио Раниери, фановите на Лестер исто така го обожуваат белгискиот ас за клучниот гол.

Во видеото подолу може да се потсетите како изгледаше шампионската прослава:

- Оглас -

Најнови вести