Варди прослави во стилот на Брус Ли, корнер знаменцето заврши на парчиња (Видео)

Џејми Варди цел месец немаше дадено гол, но неговиот пост заврши вечерва на гостувањето кај Шефилд јунајтед. Англискиот репрезентативец во вистински момент „се разбуди“ и даде гол во 90 минута за победа на Лестер од 2:1.

По постигнувањето на погодокот, Варди се стрча кон корнер знаменцето и му влезе со клизачи. Голгетерот на Лестер жестоко со копачката удри во знаменцето, кое се распарчи на десетина парчиња. Погледнете го начинот на славје на Варди, а погодокот може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести