Варди цел месец немаше дадено гол, постот го прекина токму навреме (Видео)

Лестер одвај победи со 2-1 на премиерлигашкото гостување кај последниот Шефилд јунајтед кој има само еден бод, а јунак на Лисиците беше Џејми Варди, кој го даде победничкиот гол, во 90-тата минута. Варди немаше дадено гол во Премиерлигата уште од 8 ноември кога погоди од пенал против Вулверхемптон, но навреме го заврши постот со важен гол кој ги остава во трка за титулата.

Ова е доказ дека Варди не смее да му се дозволи ни полушанса, дури и на мечеви на кои 90 минути игра слабо:

https://twitter.com/i/status/1335616035446255618

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести