Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, се подготвува за претстојниот меч против Нотингам Форест, со којшто стартува деветото коло во Премиер лигата. Лестер моментално има девет бода и е на 14-тото место на табелата, додека Нотингам започна добро и освои 13 бода, а има само еден пораз.
„Нема дополнителна тензија, ова е само уште еден меч. Сакаме да победиме, но сигурно дека Нотингам нема да се предаде. Тие добро ја започнаа сезоната, и тоа во можеби најсилната лига во светот, во која во моментов секој може да победи секого“, вели Варди, кој од 2012 година е во Лестер и беше дел од легендарната генерација која во 2016 година ја освои титулата во Премиер лигата.