Васоски е лут по двете тројки од Академија Пандев: Вака не се носи „црвено-црниот“ дрес

Александар Васоски е лут на односот на своите играчи на денешната 120 минутна битка со Академија Пандев, бидејќи на двата пријателски теста од по 60 минути Вардар прими дури шест голови.

Во првиот фудбалски час во Струмица, Академците беа подобри и победија со 3:0, а потоа се играше уште дополнителни 60 минути, кои повторно ги добија струмичани со 3:1.

„Загубивме убедливо во два натпревари по 60 минути, во кои одигравме со различни состави. Нормално дека не сум задоволен од мојата екипа ниту во првите, ниту во вторите 60 минути. Одигравме многу лошо, одигравме без залагање, без идеја. Вака не се носи дресот на Вардар. Ова ни беше последен натпревар пред почетокот на првенството, и јас се надевам и искрено посакувам овој меч да ни послужи како еден вид лекција, и се надевам дека нема да ги повторуваме истите грешки во првенствените натпревари“, рече Васоски по завршувањето на мечот со Академија Пандев.

Вардар нема многу време за корекции, бидејќи идниот викенд продолжува домашното првенство, а најтрофејниот македонски клуб има тешко гостување, во Тетово кај лидерот и актуелен шампион Шкендија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести