Васоски ги донесе до финале, без него Сараево го загуби пехарот во Купот

Сараево загуби на пенали во финалето на националниот Куп на Босна и Херцеговина и Вележ го освои пехарот на „Билино Поље“ во Зеница.

Гигантот во БиХ беше без Александар Васоски на клупата откако македонскиот тренер ги донесе до финалето, а непосредно пред мечот си поднесе оставка.

Мечот во регуларниот дел заврши без голови, а потоа се изведуваа пенали, по кои Вележ победи со 5:4.

Финалето беше прекинато во 70-тата минута поради навивачите на Сараево, популарните „Орде Зла“, кои приредија вистински огномет во Зеница.

За Сараево не играше Крсте Велкоски, кој е вратен во составот на тимот, но беше резерва.

Токму недоразбирањата со Велкоски беа дел од причините за оставката на Васоски, а епилогот на целата непријатна епизода е пораз во финалето на Купот.

 

- Оглас -

Најнови вести