Васоски очекува старт со пораз на Клинсман во Херта

Херта – Борусија Дортмунд (Сабота 15.30 часот)

Херта го смени тренерот и сега со Јирген Клинсман очекува подобри резултати. Пред се прекин на серијата од пет меча без победа, но сепак квалитетот е на страната на Борусија.

И „милионерите“ влегоа во кризен период со три меча без победа и очекувам дека во Берлин конечно ќе успеат да слават.

Херта има 2 победи и три порази кога игра на „Олимпискиот“ стадион што покажува дека може да се игра против тимот од Берлин на гостински терен.

Борусија засега е скромна кога гостува и тоа се рефлектира на позицијата на табелата во Бундеслигата. Сепак очекувам фаворитот да тргне со победи, а серијата ќе почне во Берлин.

Предлог тип: 2 (1.90)

 

Хофенхајм – Фортуна Диселдорф (Сабота 15.30 часот)

Шокантно делуваше катастрофата на Хофенхајм од Мајнц на домашен терен, а ретко кој очекуваше пораз на фаворитот од 1:5. Тоа само потврдува колке у силна Бундеслигата и пред се незгодна за типување.

Денеска не очекувам нов кикс на Хофенхајм, напротив ќе типувам на победа со најмалку два гола во мрежата на Фортуна. Домаќините се поквалитетни и со триумф ќе го корегираат киксот против Мајнц, што ќе им овозможи да се пробијат кон позициите кои водат во еврокуповите.

Предлог тип: 1&T1 (2.03)

 

Падерборн – Лајпциг (Сабота 15.30 часот)

Лајпциг нема пораз во меѓусебните дуели со Падерборн, два од нив одиграни во минатото во Втората лига, а очекувам и дека нивниот прв меч во Бундеслигата нема да смени ништо.

Гостите се многу поквалитетни и што е најважно за нив играат во одлична форма. Дури и начинот на кој се спасија од чист пораз против Бенфика со два гола во последните пет-шест минути го покажува карактерот на екипата.

Јулијан Нагелсман одлично ги намести коцките во мозаикот на Лајпциг и верувам дека ќе го победат Падерборн, кој одигра одлично во Дортмунд, но нема сили за втор подвиг по ред.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.30)

 

Баерн Минхен – Баер Леверкузен (Сабота 18.30 часот)

Баерн е машинерија што не запира и победува убедливо кога игра на нивото на квалитетот што го поседува екипата. Постигнаа дури 16 голови на последните четири меча и покажаа дека и смената на Нико Ковач и именувањето на привремен тренер не им пречи да газат сигурно.

Ханс-Дитер Флик одлично одговори на предизвикот, и сега има шанса да добие и долгорочен договор. Со него на кормилото забележани се четири победи со гол-разлика 16:0 што е импресивно.

Баер не игра лошо, може да фати приклучок кон горниот дом во Бундеслигата, но мислам дека нема шанси да го изненади разиграниот Баерн. Фармацевтите имаат лош биланс во Минхен, претрпеа порази на последните шест гостувања кај шампионот и немаат победа од 2012 година.

Очекувам традицијата да продолжи со нов триумф на Баерн.

Предлог тип: 1&3+ (1.54)

 

Борусија Менхенгладбах – Фрајбург (Недела, 15.30 часот)

Борусија игра одлично на два фронта. Лидер е во Бундеслигата и блиску до пласман во следната фаза во Европа Лигата. Поразот од Унион Берлин во минатото коло веројатно дојде и како последица на мал замор, но очекувам веќе против Фрајбург да се вратат на победнички колосек и да го задржат врвот на табелата.

Фрајбург е едно од пријатните изненадувања во Бундеслигата, за разлика од претходните години играат одлично и на гости, но на „Борусија Парк“ тешко се победува.

Токму тоа најдобро го знае Фрајбург, екипа што не победила во Менхенгладбах од 2008 година, или на последните 9 гостувања. Очекувам дека и десеттото по ред ќе биде неуспешно за Фрајбург и ќе типувам единица и најмалку три погодоци на мечот.

Предлог тип: 1&3+ (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести